Реномираниот дојавувач Slashleaks неодамна сугерираше дека ќе се појави нов уред на Motorola под името Edge+, кој наводно е модел од премиум сегментот, а е наменет за Verizon. Сега истиот извор објави рендер од мистериозен телефон на Motorola, но не е познати дали е во прашање истиот Edge+ или целосно друг модел.
Она што претставува најинтересен детал на рендерот е дека смартфонот пристигнува со паметно пенкалце. Тоа е нешто што не сме имале прилика да го видиме од Motorola веќе подолго време. Приказите откриваат и многу тенки рамки од страните, нешто подебела долна рамка и punch-hole отвор за камерата во горниот лев агол на екранот.
Иако ова би можел да биде Edge+ модел, засега нема докази кои ова го потврдуваат. Ни останува само да ја почекаме официјалната објава на уредот, за да дознаеме што ново ни подготвува Motorola.