Android линијата на таблет уреди на компанијата Lenovo го доби најновиот член во вид на моделот M10 FHD REL. Таблетот има 10.1-инчен FHD IPS панел, со нешто подебели рамки околу дисплејот, 5MP селфи камера и два предни звучника. На задната страна се наоѓа една камера од 8MP.

Snapdragon 450 чипсетот го покренува целиот систем, заедно со 3GB RAM и 32GB простор за складирање, кој може да се прошири преку microSD слот. Софтверската поддршка ја нуди Android 9 Pie.

Таблетот има голема батерија од 7000mAh, која се полни преку microUSB порт. Останатите битни функции вклучуваат dual-band Wi-Fi, 3.5mm приклучок за слушалки и FM Radio.

Lenovo M10 FHD REL таблетот е достапен во Индија, по цена од околу 180 евра, а засега нема информации за објава на уредот на останатите пазари.