Еден од поуверливите дојавувачи на Twitter со корисничко име L0vetodream донесува информација дека следната генерација на iPad Pro таблетот на Apple може да се очекува во првиот или вториот квартал на 2021. година.

Судејќи според објавените спецификации, корисниците од новата генерација iPad Pro можат да очекуваат поголема надградба во однос на актуелната генерација.

Според информациите, идната генерација на iPad Pro ќе пристигне со Apple A14X чип како надградба во однос на A12Z Bionic. Се споменува и доаѓање на поддршка за 5G мрежи, благодарение на Qualcomm Snapdragon X55 модемот и екран базиран на новата Mini LED технологија.

Информацијата за iPad Pro со нов тип на екран е во согласност со претходните предвидувања на познатиот аналитичар Минг-Чи Куо.