Британскиот произведувач на автомобили, Јагуар Ленд Ровер ќе вложи 18 милијарди долари во електрични возила наредниве три години. Тоа значи дека Јагуар се откажува од дизелот, по бројните забрани и ограничувања, коментираат познавачите.

Јагуар, што е во сопственост на Тата Моторс, не ја достигна продажбата што ја планираше за првиот квартал од 2018 година, па оди во „противнапад” со тоа што ќе ги електрифицира сите свои модели. Така, компанијата има намера до 2025. да произведува по три верзии од секој свој модел со погон на фосилни горива, на батерии и комбинација од двете.

Проблем за автомобилскиот гигант е тоа што 87 отсто од продажбата во Велика Британија и Европа ја чинат моделите со дизел агрегати, и покрај „Фолксваген Дизелгејт” скандалот во САД.