Постојат неколку светски чуда кои ги привлекуваат туристите, а ги збунуваат научниците. Нашата планета изобилува со неверојатни геолошки структури како кристални пештери, кањони и преубави вулкани.
Научниците со векови ги објаснуваат причините за нивното создавање, но поединечни креации на природата останале да бидат вечна енигма.
1. Окото на Сахара – Мауританија
Овој несекојдневен феномен се просторира во облик на неколку концентрични кругови, а најголемиот од нив имапречник од околу 28 километри. Геолозите во почетокот тврделе дека окото на Сахара е создадено како резултат на удар на астероид, меѓутоа, помеѓу круговите нема стопен камен кој би ја потврдил оваа теорија.
Научниците од современото време, тврдат дека окото на Сахара е создадено со ерозија на земјината купола, а се верува дека процесот почнал пред околу 100 милиони години.
2. Езеро Хилиер – Австралија
Се работи за мало езеро кое се наоѓа на остров во близина на Западна Австралија. Неговата розева боја го прави единствено во светот. Британскиот научник Метју Флиндерс бил првиот кој го забележал ова несекојдневно езеро. Иако правел многу анализи, тој никако не можел да ја открие причината за неговата неверојатна боја.
Туристите можат да го посетат само со хеликоптер, иако се знае дека водата не е опасна по здравјето. Научниците се сомневаат дека водата има розoва боја поради присуство на несекојдневен вид на алги и розови бактерии.
3. Расцеп во големиот кањон – САД
Геолозите одамна ја воочиле оваа аномалиja на големиот кањон во Аризона, каде забележале многу камења и фосили од пред 540 милиони години.
Веднаш под нив се наоѓа слој од карпи кој бил создаден пред милијарди години. Каде исчезнал слојот на Земјата кој бил создаден помеѓу тие два периоди е голема енигма.
4. Лакот Настапока – Канада
Во југоисточниот дел на заливот Хадсон се наоѓа речиси совршен лак. Мистериозното создавање на овој лак најпрво било поврзано со удар на астероиди. Меѓутоа, не бил пронајден ниту еден доказ за тоа.
In this week's Maphead column, Ken Jennings looks into a Canadian phenomenon: The Nastapoka Arc, a crater on the Hu… pic.twitter.com/2saiV4uKgb
— Creative Travel Spot (@spotenthusiast) July 12, 2015
Најприфатлива е теоријата според која лакот се создал кога еден слој од карпите потиснал друг. Тоа не го објаснува неговиот правилен облик, така што лакот Настапок и натаму е под редовен надзор на научниците.
5. Магични кругови – Пустината Намибија
Во непосредна близина на Намибија се наоѓаат црвени кругови на земјата во кои има пораснато многу трева.Народните верувања велат дека станува збор за стапала на богови, но научниците побарале објаснување врз основа на докази.
Па така, се верува дека дупките настанале како резултат на напорите на билките да дојдат до вода и хранливи материи од земјата. Бликите кои успеале да обликуваат доминантен состав на коренот успеале да опстанат. Оние кои биле осудени на изумирање оставиле парче земја во средината.
6. Кратери во Сибир
Пилот на хеликоптер кој во 2014 година летал над полуостровот Јамал забележал огромна дупка на самиот вез во Карското море. Научниците го анализирале кратерот со пречник од околу 30 метри, со цел да го утврдат неговото потекло. Удар на метеори, експлозија на плин, како и доаѓање на вонземјани биле само некои од теориите за создавање на кратерот.
Испитувањата извршени на дното од кратерите откриле високо ниво на метан, што укажува на експлозија. До експлозијата наводно дошло поради топлите лета кои ги пореметиле условите на вечен снег и мраз карактеристични за овој полуостров.
Од друга страна, поединечни геолози тврдат дека немало никаква експлозија, туку дека кратерот настанал под влијание на рушење на замрзнатото земјиште. Од тогаш се откриени уште неколку кратери, но нема официјално објаснување за оваа појава.
Извор: B92.net