Германскиот гигант Daimler AG и производителот на авто делови Robert Bosch GmbH добиле дозвола од германските власти да направат пилот проект за автоматизиран паркинг.

Овој паркинг во Штутгарт ќе има ниво 4, што значи едно ниво подоле од целосно автономно возење.

Возачот ќе го остави автомобилот на точно дефинирано место пред да го активира паркирањето преку апликацијата. На ист начин и ќе доаѓа до своето возило.
Партнерството се темели на инфраструктура обезбедена од Bosch и технологија за таканаречен „автоматски паркинг“ обезбедена од Daimler. Двата гиганти тврдат дека овој тип на паркинг простор ќе обезбеди простор за 20% повеќе возила отколку во случај на стандардно мануелно паркирање.

„Автономното возење е поблиску отколку што очекуваме. Автоматското паркирање во музејот на Mercedes-Benz импресивно покажува колку далеку е стигната оваа технологија“, вели Мајкл Хагнер, задолжен за развој на можностите за автоматско возење во рамките на одделот за развој на Mercedes-Benz.

Извор: Додај Гас