Љубителите на sour коктели, кои во себе содржат јајца би требало да обрнат внимание на начинот на подготовка на напитокот, бидејќи овој популарен пијалок често носи ризик од труење со салмонела.

Sour е коктел кој се добива со мешавина на алкохол, сок од лимон, шеќер во прав и јајца, а мноу е популарен меѓу припадниците на младата генерација која ужива во невообичаените пијалаци.

Иако може да се најде во поголемиот дел од градските барови и навистина има специфична арома, експертите сега предупредуват дека овој алкохолен пијалак може да претставува опасност по здравјето затоа што може да предизвика труење.

Причината се свежите јајца кои во себе може да имаат салмонела – опасна бактерија која ги напаѓа цревата, а во некои случаеви може да предизвика и компликации кои се опасни по живот доколку инфекцијата се прошири надвор од цревата.

Токму поради тоа, експертите предупредуваат дека популарниот пијалак со јајца треба внимателно да се подготвува и притоа да се испочитува едно многу важно правило.

Многу е важно, девет минути да оставите алкохолот, сокот од лимон и јајцата да отстојат за да се поврзат. Ова време е доволно за да се уништат бактериите и со самото тоа коктелот да биде безбеден за консумирање, тврдат научниците.

„За да бидете сигурни дека напитокот е сигурен за пиење, препораката е свежите јајца да ги оставите да отстојат во алкохол и лимонот најмалку девет минути пред сервирање“ – рекла Стефани Лопс, една од експертите за исхрана.

Салмонелата вообичаено се предизвикува со консумирање на сирово или пак недоволно зготвено месо, јајца. Инкубацискиот период варира од неколку часа до два дена. Поголемиот дел од инфекциите кои ги предизвикува салмонелата можат да се класифицираат како гастроентеритис.

Вообичаено луѓето кои се заразени од салмонела имаат дијареа, грозница и стомачни грчеви во период од 72 часа од консумирањето на заразените намирници.

Извор: Telegraf.rs