Nikon на почетокот на годината го пушти во продажба својот најнов модел: Nikon D780 DSLR. Оваа е долгоочекуваниот наследник на D750, кој се појави во 2014. година, а Nikon го опишува како најпопуларен DSLR full-frame фотоапарат било кога.

D780 и натаму поседува 24MP full-frame сензор, но сега има позадинско осветлување кое би требало дополнително да ги подобри перформансите на фотоапаратот при слаба осветленост. ISO изнесува 51.200, а можно е да се прошири и до 204.800.

Процесорот, исто така, е надграден на чипот Expeed 6, кој се наоѓа во најновите Z6 i Z7 камери без огледала.

Nikon вели дека системот на автоматско фокусирање е значително унапреден, бидејќи се користи алгоритамот од D5 моделот.

Кога го користи приказот во живо, D780 има ист AF систем од 273 точки како и Z6, што би требало да го направи многу попрактична опција од останатите DSLR уреди.

Видео поддршката на D780 е споредлива со Z6, со 4K/30 и 1080p/120. Екранот има големина од 3.2 инчи, а осетлив е на допир, додека телото на фотоапаратотѕ и натаму е под влијание на стариот дизајн.

Nikon на својот уред му додаде USB-C поврзување и полнење заедно со Wi-Fi и Bluetooth поддршка.