Се очекува дека Sony ќе ги претстави своите први 5G паметни телефони во текот на MWC саемот во Барселона кон крајот на февруари. Гласините и натаму се контрадикторни, така што некои детали не се познати. Не е познато дури ни конечното име на новиот премиум смартфон на компаниајта, а слушнавме различни решенија – од Sony Xperia 1.1 до Xperia 0 и Xperia 3.

Смартфонот ќе има 4K HDR ekran, а ќе го покренува 865 чипсет со X55 5G модем. Системот на камери на задната страна ќе го сочинуваат четири сензори, со додаток на ToF модулот. Главната камера од 48MP (можеби дури и 64MP) ќе работи во тандем со два 12MP сензори (телефото и ултраширок).

Вториот премиум модел кој се очекува во текот на MWC е Sony Xperia 5 Plus. Овој телефон би требало да биде покомпактен, иако нема доверливи информации за големината на екранот. CAD рендерите, кои претходно се појавија, покажуваат изменет дизајн и интегриран сензор за отпечаток од прст во копчето за вклучување. Овој телефон, исто така, би требало да има Snapdragon 865 чипсет и 5G модем.

Постојат шансите дека ќе бидат претставени и нови модели од средниот сегмент, кои ќе ги наследат минатогодишните Xperia 10 телефони. Овие модели, исто така, би требало да имаат 5G конекција. Неодамна на Geekbench се појави Sony K8220, со Snapdragon 765G чипсет.