Според наводите на медиумите од Јапонија, Sony во подготовка го има својот следен премиум телефон, кој ќе имплементира наследник на Snapdragon 855 и 855+ чиповите. Првиот доказ за овој чипсет се појави во дистрибуцискиот сервер за фирмверот на компанијата Sony.

Чипсетот има интерен број на моделот SM8250, а се верува дека во прашање е Snapdragon 865. Постојат и гласини за тоа дека чипсетот би можел да пристигне во две варијанти – со интегриран 5G модем и варијанта со 4G конекција.

За Qualcomm би имало смисол да ги објави двете верзии на својот следен премиум чипсет, бидејќи 5G технологијата се уште е свежа на пазарот и не сакаат сите производители да вложуваат дополнителни средства, за да ја имплементираат во своите уреди.

Засега не е познато дали Sony планира својот следен премиум телефон да го понуди во двете варијанти. Телефонот би можел да биде претставен во текот на наредниот Mobile World Congress во Барселона.