Промената во пристапот, кога станува збор за системите за асистенција, е само увертира во пошироки корпоративни промени кои ќе го подобрат корпоративниот идентитет на Volkswagen

Најголемиот чекор меѓу нив ќе биде редизајн на логото и новиот дизајнерски јазик, кој на сцената стапува веќе на пролет. Модерните автомобили се „спакувани“ со бројни системи на помош. Производителите имаат тенденција своите системи да ги именуваат со атрактивни имиња, па така Ford го има Co-Pilot 360, Nissan го има ProPILOT и слично.

Во случајот со Volkswagen, напредните системи во моментов се третираат индивидуално, бидејќи не постои посебно име кое ги опфаќа. Сепак, ова ќе се промени од јануари 2019 година, кога германскиот гигант го воведува IQ.DRIVE.

Станува збор за генеричко име кое ќе ја вклучува целата технологија за асистенција која ја поседува брендот, поврзана со возењето, паркирањето и безбедноста. Во блиска иднина, името ќе ги вклучува и сите автоматизирани технологии за возење кои се во фаза на развој.

Целосниот текст може да го прочитате на автомобилскиот портал Додај Гас