Веднаш на почетокот е потребно да се истакне дека Geekbench листингот, каде што е забележана верзијата на Android R, го пријавува софтверот на OS ниво во самата апликација и релативно е лесно да се лажира. Поради тоа, наведените детали е потребно да се земат со резерва. Во секој случај, Google не објави речиси ништо за следната верзија на својот мобилен оперативен систем и ова се некои од првите детали за Android R верзијата.

Самиот Geekbench листинг не открива конкретни информации, освен Google Pixel 4 смартфонот и неговиот Snapdragon 855 чипсер, како и 6GB RAM. Секако, тука е и интригантната Android R ознака, која е видлива во листингот. Врз основа на ова е можно само да се извлечат некои нагаѓања и шпекулации.

Нема сомневање дека Google вредно работи на следната верзија на Android, а последните информации кои се појавија укажуваат на Android Open Source Project и можност за укинување на креирање на фајлови поголеми од 4GB во текот на снимањето видеа. Тогаш се споменуваше ознаката Android 11, но останува да се види за која ознака ќе се одлучи Google кај следната верзија на Android.

Google Pixel 4a, исто така, во минатото се појавуваше во вестите, а можно е дека дополнителниот развој на овој уред ќе овозможи повеќе информации и за Android R софтверот.