Од Google најавија капитало редизајнирање на апликацијата Google Maps за Android и iOS, кое ќе започне оваа недела.

Во месец март, корисниците ќе добијат нови надградби за јавниот сообраќај со зголемена прецизност.

Поради својот 15-годишен роденден, Google планира да ги изненади корисниците со воведување на одредени промени кои ќе го олеснат користењето на апликација, дознава CNBC.

Во рамки на апликацијата од вкупно 5 икони ќе бидат додадени уште три нови со имињата: „Зачувано“, „Придонеси“ и „Надогради“.