Графенските батерии се споменуваат веќе со години, а би требало да ни овозможат подолг работен век, пократко полнење и практично би означиле крај на литиум-јонските батерии.

Знаеме дека Samsung е една од првите компании која го тестира графенот за да креира батериски ќелии, но ова се уште не се појави во некој уред од Samsung Galaxy серијата. Сега се појавува можност, првиот уред со графенска батерија всушност да биде од Huawei P40 серијата.

Се очекува дека Huawei P40 моделите ќе бидат објавени во текот на првото тримесечје од 2020. година (поточно, кон крајот на март во Париз). Извршниот директор на Huawei, исто така, навести што можеме да очекуваме од Huawei P40 линијата. Споменати се некои битни надградби во однос на P30 серијата, а меѓу нив би можела да биде и батеријата од графен.

Францускиот Twitter профил на Huawei објави твит, кој сугерира дека P40 серијата ќе има графенски батерии, и дека ќе се полнат од 0 до 100 проценти за 45 минути. Останува да се види дали ова навистина ќе биде имплементирано во следната премиум серија мобилни уреди од компанијата Huawei.