Според Индексот на глобални иновации, Швајцарија е најиновативната земја во светот, додека Северна Македонија е на 59-то место. На врвот на листата на 129 држави се наоѓаат и Шведска и САД.

Во однос на земјите од регионот, Хрватска е рангирана на 44-то место, Црна Гора 45, Македонија 59, БиХ 76 и Албанија 83. Листата е направена според оценувањето на институциите, човечкиот капитал и истражувањата, инфраструктурата, пазарот, бизнисот, знаењето/технологијата и креативниот ефект на набљудуваните земји.

Кина која е на 14. место е единствената земја со средно висок доход што е во 20 најиновативни, додека Индија на 52-та позиција се смета за земја која од 2011 година го зазема првото место меѓу земјите од Централна и Јужна Азија.