Hummer („Хамер“) прв пат се појави уште далечната 1992. година и брзо стана познат како голем потрошувач на фосилни горива. Со производство престана 2010. година, а моделот би можел сега повторно да заживее, како еколошко електрично возило.

Се работи за тоа дека General Motors планира „Хамер“ да го врати во облик на возила со батерија, и тоа веќе на почетокот на 2022. година. И новиот модел, слично како стариот, ќе им биде наменет на оние возачи кои сакаат да „свртат од главниот пат“ и да се повозат на покомплексни терени. Моделот ќе биде прв од неколкуте електрични теренски возила, кои компанијата ги планира во следните неколку години, а експертите тврдат дека таквиот чекор има смисла, бидејќи компаниите како што е Tesla веќе ги нудат своиите модели, на прво место Cybertrack.

„Хамер“ сепак влегува на полето кое го зазаема раскошната конкуренција, и моделите како Ford F-150 и Rivian R1T, па останува да се види колку добро ќе се снајде во тоа.