Во текот на минатата деценија домовите полека се полнеа со големи и мали уреди, и сите се поврзуваа на куќниот Wi-Fi. Секој нов уред бараше свое парче од интернетот, што полека стануваше проблем, бидејќи се поголемиот број уреди почна да ги доведува во прашање капацитетите на современите рутери. Доколку вака се продолжи, брзините на интернет би можеле да станат компликација која би влијаела на сите поврзани уреди, и на корисничките уреди.

Токму тоа е проблемот кој Wi-Fi 6 пробува да го реши, а новиот стандард на годинашниот CES саем конечно се приближи на реалноста. На сцена се појавија голем број Wi-Fi 6 рутери и уреди, а со некои пристигна и поволната цена, што е битна разлика во однос на минатогодишното деби на Wi-Fi 6 производите.

Така е решен проблемот на високите цени, со кои се појавуваа Wi-Fi 6 рутерите во текот на 2019. година, што е важно бидејќи усвојувањето на Wi-Fi 6 стандардот зависи и од бројот на нови рутери кои ќе се најдат во корисничките домови. Годинашните производи не се нужно подобри од оние од 2019. година, но секако се значајно подобрување во однос на постарите модели кои ги менуваат.

Цените на новите рутери се движат помеѓу 100 и 200 долари, а најзабележителен беше оној што го претстави Netgear – Nighthawk Mesh – кој е воедно и прв Wi-Fi 6 рутер кој има поволна цена и доаѓа од производителот во кој корисниците имаат доверба.