Платформата за стримување и апликацијата за запознавање се најдоа на првите две места на листата според потрошувачката од 2010. до 2019. година, а која ја објави аналитичката компанија App Annie.

Со други зборови, луѓето во последните десет години потрошиле повеќе пари на Netflix и Tinder, отколку на било која друга апликација.

Работниот модел на Netflix отсекогаш се базирал на претплатниците за да заработи поголем број приходи, поради што стана еден од најуспешните стриминг сервиси на светот. На второто место се наоѓа Tinder со оглед на тоа што воведе наплаќање на некои опции дури во 2015. година.

На листата се најдоа и стриминг услугите како Pandora Music и Tencent Video и сервисите iQIYI, Spotify, YouTube, HBO Now, како и кинеската платформа за споделување видеа Kwai и јапонската апликација за допишување Line.

Од App Annie објавија и листа на десет  апликации кои најмногу биле преземани, а првите три места ги заземаат Facebook, Facebook Messenger и WhatsApp, кои се во сопственост на компанијата на Марк Цукерберг.

Покрај тоа, објавена е и листа на мобилни игри според најголемата сума пари која корисниците ја потрошиле.

Целосната листа може да ја погледнете ТУКА