Во текот на Qualcomm самитот минатата година, Xiaomi најави дека Mi 10 серијата паметни телефони ќе го користи најновиот Snapdragon 865 чипсет.
Иако Samsung веќе потврди дека Galaxy S20 серијата (за која се очекува дека ќе го користи Snapdragon 865 SoC) ќе биде претставена на 11. февруари, јужнокорејската компанија можеби нема да биде прва која ќе го имплементира премиум процесорот на Qualcomm. Според најновите гласини, Xiaomi Mi 10 би можел да биде претставен пред Galaxy S20 серијата.
Овие информации пристигнуваат од големиот број вести и објави од кинеската мрежа Weibo. Xiaomi веќе навести дека Mi 10 пристигнува во текот на првиот квартал на 2020. година. Кинескиот дојавувач Digital Chat Station, исто така, тврди дека Samsung нема да биде првата компанија, која ќе го употреби Snapdragon 865 чипсетот и дека Xiaomi веројатно ќе го објави Mi 10 во февруари.
Засега, не се знаат многу детали за Xiaomi Mi 10 моделот. Повеќе информации се очекуваат во следните недели. Она што се знае е дека ќе има Snapdragon 865 чипсет, додека за батеријата се сугерира капацитет помеѓу 4500 и 4800 mAh.
Поврзани артикли