Samsung во текот на CES саемот во Лас Вегас го претстави својот Project NEON, кој го разви компанијата STAR Labs. NEON гo претставува дигитално генерираниот човек, кој визуелно изглед и има човечки емоции, а STAR Labs го нарекува „вештачки човек“.

Овие симулации на луѓе ги покренува STAR Labs Core R3 платформата (Reality, Realitime и Responsive), додека SPECTRA покренува други елементи на NEON (Intelligence, Learning, Emotions, Memory). Идејата која стои зад NEON е дека може да се користи како вештачки претставник за сервиси или портир.

Во текот на CES се прикажани бројни тизери и сценарија во кои може да се користи Project NEON, но се користени вистински актери пред камерите, а симулациите се фиктивни и служеа само за илустративни намени. Тоа значи дека се уште немаме идеја за тоа како вистинскиот, вештачки-генериран Neon ќе изгледа и функционира.

STAR labs истакнува дека NEON не е AI асистент. Ќе може да зборува повеќе јазици, да разговара, а компанијата тврди дека NEON може да го помине и Turing тестот.

Project NEON во бета фаза ќе им биде достапен на помал број партнери во текот на 2020. година.