Пред почетокот на CES 2020 саемот во Лас Вегас, LG спомена некои новитети на полето на својата линија телевизори за 2020. година. Компанијата ќе понуди осум нови модели, кои ќе понудат „Real 8K“ перформанси, кои ги надминуваат 8K спецификациите кои ги постави CTA организацијата.

Овие 8K модели телевизори вклучуваат два LG Signature OLED модели од 88 и 77 инчи (88/77 OLED ZX), како и шест NanoCell-брендирани LCD телевизори (75/65 Nano99, 75/65 Nano97, 75/65 Nano95) во големини од 77 и 65 инчи. Кога е 8K содржината во прашање, TV уредите можат да ја поддржат преферираната  AV1 содржина на YouTube, како и HEVC и VP9, 8K влезови преку USB или HDMI и на крајот 8K 60FPS преку стриминг и 8K 60P преку HDMI.

За оваа година, LG ја планира и третата генерација на својот Alpha9 AI процесор, кои ќе нудат скалирање потребно за 8K TV уредите, како и AI Sound Pro процесирање. Останува само да се види дали во текот на 2020. година ќе има и повеќе 8K содржина, која во моментов ја има многу малку.