Претставувањето на гејминг телефонот Xiaomi Black Shark 2 се очекува во следните месеци. Познато е дека уредот ќе има нова технологија на течно ладење, под името Liquid Cool 3.0.

Black Shark 2 е името на гејмерскиот смартфон на кој работи компанијата Xiaomi, а според најавите, неговата премиера можеме да ја очекуваме некаде околу почетокот на летото.

Како што беше најавено претходно, уредот ќе има нова технологија на ладење наречена Liquid Cool 3.0, која ќе им овозможи на гејмерите да играат подолго и ќе ги отстрани проблемите со прегревање на телефонот. Сите овие информации беа објавени директно од компанијата Xiaomi.

Телефонот носи ознака SKW-A0, а изгледа дека ќе пристигне со поддршка за брзо полнење од 27W, како што има и моделот Xiaomi Mi 9. Уште од старт уредот ќе работи на Android Pie оперативен систем.

Со оглед на тоа што се работи за гејмерски телефон, Xiaomi Black Shark 2 би можел да има Game Turbo Booster, заедно со бројни подобрувања за CPU, GPU и мрежата, кои во секој случај ќе го подобрат гејминг искуството.

Гласините велат дека овој модел ќе биде достапен со 12GB RAM и голем дисплеј со тенки рамки околу него.

Извор: B92.net