YouTube денеска најави дека ќе ги органичи содржините за корисниците во Европска Унија и во Велика Британија со цел да избегне преоптовареност на интернет серверите.

YouTube ќе го намали квалитетот на видеосодржините односно корисниците нема да можат да гледаат во Full HD резолуција (1080p), туку таа ќе биде намалене со цел да се обезбеди интернет сообраќајот. Одлуката ќе биде во сила следните 30 дена.

Карантинот во речиси сите европски земји поради новиот коронавирус го зголеми интернет сообраќајот за 50 проценти, а Европската комисија апелираше до Netflix и другите стриминг сервиси да го ограничат квалитетот на содржините. Нетфликс најави дека ќе ги укине содржините во 4К квалитет, а во некои региони ќе го укине и HD квалитетот.