Huawei минатиот месец тивко го објави новиот модел на својот MateBook E уред, но само во Кина. Она што споменатиот модел го издвојува е дека во прашање е Windows on ARM PC, што го прави трет уред кој го покренува Snapdragon 850 чипсет, по Yoga C630 и Samsung Galaxy Book2 моделите.

Покрај новиот чипсет, нема други измени кај оваа верзија на таблет/лаптоп. И натаму тука е 12-инчниот 1440p дисплеј, 4GB или 8GB RAM, како и до 512GB простор за складирање. Уредот пристигнува во таблет формат со тастатура која може да се додаде/одвои.

Цената на MateBook E со Qualcomm Snapdragon 850 чип изнесува околу 595 долари во Кина за моделот со 4GB RAM и 128GB SSD. Ова е значајно поевтино од цените кои ги имаа претходните модели на уредот и нешто што е цел на Qualcomm, кога е во прашање Snapdragon 850 платформата.

Microsoft не го прикажа уредот во рамките на Windows on ARM штандот во текот на својата Build конференција.