Камерите поставени во прашумата на кинескиот природен резерват „Волонг“ во Сечуан ја снимија единствената позната џиновска албино панда.

Кинеските медиуми објавија дека експертите ја забележале минатиот месец.

И покрај фактот дека постојат фотографии на панди кои често се нарекуваат албино, тие не се вистински албино панди.

Речиси сите имаат карактеристични шари, само со побледи бои.

Според „Пиплс дејли“, пандата на фотографијата е младенче на возраст од една до две години.

Полот исто така не е познат, а експертите велат дека ќе се обидат да постават уште една камера за следење на нејзиниот развој.