Sony со сите сили се бори да ги исполни обврските за нарачки за сензорите за камери. Иако бројот на произведени смартфони од година во година е релативно стабилен, тој во себе содржи се повеќе камери, па според тоа и бројот на нарачките за сензори е повеќекратко зголемен.
Како најголем производител на вакви сензори во светот, Sony држи повеќе од половина од пазарот и ги снабдува некои од најголемите производители на телефони. Меѓу останатото, нивните сензори се наоѓаат и во сите најнови iPhone модели. Веќе втора година, фабриките на Sony за сензорски чипови работат 24/7 и во текот на празничните денови. И покрај тоа, не успеваат да направат доволно чипови да ја задоволат побарувачката. Поради тоа, компанијата и вложи значителна сума пати во зголемување на своите производни капацитети, но тие ќе бидат оперативни дури во 2021. година.
Меѓутоа, директорот на Sony Semiconductor Solutions Group, Теруши Шимицу, веќе најави дека ни тие капацитети нема да бидат доволни, бидејќи во последно време ситуацијата е драматично променета. Поради тоа, тој однапред им се извинува на купувачите, бидејќи е убеден дека нема да може навреме да бидат испорачани сите нарачани сензорски чипови.