Иако голем број на популарни сервиси за електронска пошта имаат навика да ги скенираат корисничките меилови за на своите огласувачи да им обезбедат релеватни податоци, поголем дел престанаа со оваа пракса.

Сепак, изгледа дека тоа не е случај со Oath, компанијата која сега е сопственик на Yahoo Mail, која е во преговорите со огласувачите и во врска со новиот сервис кој ќе скенира околу 200 милиони сандачиња од Yahoo Mail, за да обезбеди податоци за корисниците.

Oath потврдил дека Yahoo Mail ги скенира меиловите, но истакнал дека тоа се прави само со промотивните меилови. Системот на скенирање ги игнорира личните меилови, а сите информации кои персонално ги идентификуваат корисниците се сокриени од податоците кои им се даваат на огласувачите.

Исто така, на корисниците им се дава можноста да го исклучат скенирањето, а ова се прави на тој начин што се влегува во Ad Interest Manager во Yahoo Mail и се избира релевантната опција.