LG официјално го објави својот нов Q-Stylus смартфон од средна класа. Тој ќе биде достапен во три варијанти со имиња Q Stylus, Q Stylus+ и Q Stylusα.

Екранот е со дијагонала 6,2 инчи и FHD + резолуција, а процесорот е 8-јадрен со работен такт од 1.5 или 1.8 Ghz во зависност од соодветниот модел. Stylus и Stylusα ќе се нудат со 3 GB RAM и 32 GB интерна меморија, додека Stylus+ ќе поседува 4 GB RAM и 64 GB меморија за апликации.
Во однос на камерата, Stylus и Stylus+ нудат 16-мегапикселна главна камера и соодветно 8- или 5-мегапикселен сензор за селфи фотографии, додека моделот „Stylusα“ е опремен со сензори со резолуција 13 и 5 мегапиксели. Трите варијации се со големина 160.15 x 77.75 x 8.4 мм и нудат додатоци како сензор за отпечатоци, QLens и DTS: X 3D surround звук.
 Нивните батерии имаат капацитет од 3.300 милиампер часови. Stylus и Stylus+ пак имаат IP68 сертификација, што значи дека се отпорни на прав и вода.
Сите три модели доаѓаат со пенкалце, што може да се разбере од нивното име. Оперативниот систем е Андроид 8.1 Oреo. Достапните бои се сина (кај трите модели), црна (Stylus и Stylus+) и виолетова (Stylus+).
Во моментов уредите ќе бидат пуштени во Азија и Северна Америка, а во третиот квартал ќе се појават и во други региони. На одделни пазари нема да бидат достапни трите варијанти. Цените исто така ќе бидат познати подоцна