Samsung го подготвува Galaxy S21 FE телефонот, кој би требало да биде наследник на Galaxy S20 FE моделот од минатата година, а ќе биде претставен во следните месеци.

Телефонот, наводно, ќе го има истиот капацитет на батеријата како и ланскиот модел. За батеријата на Galaxy S21 FE се вели дека има ознака на модел EB-BG990ABY, а ознаката на самиот телефон е SM-G990B.

Наведениот капацитет на батеријата на телефонот е 4370mAh, што значи дека типичниот капацитет ќе биде 4500mAh. Тоа е идентично како ќелијата што го напојува Galaxy S20 FE.

Според претходните гласини, Galaxy S21 FE треба да има рамен екран од 6,4 инчи, селфи камера од 32MP и ќе биде достапен во сива / сребрена, зелена, виолетова и бела боја.

Презентацијата на Galaxy S21 FE се очекува во текот на август, па дотогаш ќе имаме уште повеќе информации за телефонот.