Неодамне е откриен уште еден безбедносен пропуст на Twitter, откако во последно време веќе беа обелоденети неколку пропусти кои загрозија милиони корисници.

Овој пат се работи за пропуст кој е откриен во рамките на Android апликација, а кој овозможи 17 милиони телефонски броеви да се поврзат со соодветни Twitter профили. Пропустот го откри безбедносниот експерт Ибрахим Балич, откако на платформата постави голем број случајно избрани броеви, за потоа да успее да ги поврзе со Twitter профилите кои биле користени при регистрацијата.

Балич одлучи да го извести Twitter, туку директно да им се обрати на корисниците, а платформата ги блокираше неговите напори на 20. декември и потоа проблемот воопшто не беше коментиран. Така е поради тензијата која веќе постои, бидејќи ова не беше успешна година за Twitter кога е во прашање безбедноста.