Новите уреди на Samsung, како што се Galaxy M11 (SM-M115F/DS), Galaxy A11 (SM-A115F/DS), SM-A465F и Galaxy Fold 2 (SM-F700F/DS) добија сертификат од BIS агенцијата во Индија. Сертификатите не откриваат многу за самите уреди, но сугерираат дека телефоните наскоро ќе бидат официјализирани.

Гласините сугерираат дека првите модели од Galaxy A серијата во новата 2020. година ќе имаат простор за складирање од 64 GB. Останува да се види дали Galaxy A11 ќе имаат 64 GB или 32 GB основно складирање.

Кога станува збор за Galaxy M11, се очекува да има изворни 32 GB простор за складирање податоци. Покрај овој модел, се сугерира дека Samsung работи на Galaxy M31 моделот, кој ќе има 64 GB основен простор за складирање.

Неодамна се појавија фотографии, кои наводно, го прикажуваат Samsung Galaxy Fold 2. Фотографиите прикажуваат преклопен смартфон во clamshell дизајн, но не е познато дали ознаката SM-F700F/DS од листата му припаѓа токму на овој флексибилен телефон.

Идентитетот SM-A465F телефонот од сертификацијата  сè уште не е познат.