Со развојот на вештачката интелигенција, се предвидува дека многу професии ќе бидат заборавени a дека роботите ќе ги преземат повеќето од работите кои сега луѓето ги извршуваат.
Промената ќе влијае и на некои професии кои во моментот се безбедни. Всушност, веќе има забележителни одредени тенденции во таа насока во областа на финансиското советување, преводот и транспортот. Реалноста е дека деловниот пазар постојано се менува.
Покрај тоа, во следните десет години и возачите, преведувачите, новинарите, персоналот за служење на клиентите, туристичките водичи, работниците на производствени линии, како и библиотекарите, како професии ќе бидат заборавени, објави Меѓународното кинеско радио (CRI).
Од друга страна, програмерите, архитектите, професионалците за односи со јавност, адвокатите, судиите, наставниците, тренерите, психијатрите како професии поврзани со менталното и физичкото здравје, ќе бидат во помал ризик од исчезнување.
Извештајот на Светскиот економски форум, за иднината на работните места одржан во септември, сугерира дека поради вештачката интелигенција до 2022 година ќе исчезнат 75 милиони работни места.
Во исто време, се очекува да се создадат околу 133 милиони нови работни места, што е скоро двојно повеќе.