Американската вселенска агенција NASA ја продолжи мисијата на својот хеликоптер  Ingenuity на Марс кој испиша историја. 

Кога Ingenuity беше лансиран на Црвената планета, експертите на NASA не беа сигурни дали воопшто ќе може да полета, а денеска овој хеликоптер зад себе има 21 успешен лет. Благодарение на неговите одличните перформанси, мисијата на хеликоптерот Ingenuity е продолжена и ќе трае и во текот на септември.

„Во месеците што следуваат, првото вселенско летало во историјата кое полета од површината на друга планета ќе ја поддржи претстојната кампања на роверот Perseverance за истражување на праисториската река во кратерот Језеро“, соопшти NASA.

Ingenuity првпат полета во април 2021 година и оттогаш ги тестираше своите вештини во ретка атмосфера и во правливи и ветровити услови на Марс. Хеликоптерот ги надмина техничките проблеми, а во меѓувреме доби софтверска надградба за да може да продолжи да лета.

Откако докажа дека е возможен лет до Марс, Ingenuity ја презема улогата на скаут на роверот Perseverance. Ова дуото се подготвува за истражување на важни региони во споменатиот кратер, а мисијата ќе биде предизвикувачка.