Најновата вежба која беше изведена во текот на минатата недела го претставува еден од најголемите технолошки експерименти во војската на САД.

Кучиња – роботи излегоа од авион и тргнаа во испитување на околината. Нивната задача беше да откријат потенцијални опасности пред да пристигнат војниците на американската армија.

Ова веројатно е само првата фаза од тоа што во иднина ќе го гледаме од американската армија, затоа што од Пентагон најавија големи иновации на полето на користење на високата технологија.

Инаку, станува збор за роботи кои користејќи вештачка интелигенција ги анализираат податоците и откриваат потенцијални закани по американската армија. Меѓутоа, не се во прашање само за закани кои доаѓаат од тлото – роботите можат да предупредат и на потенцијални ракетни напади, па дури и напад на американската технологија во вселената.

Како што нагласија од американската армија, проценката на податоците како еден од основните воени ресурси е клучот на војувањето на идната генерација.

Извор: B92.net