Објавата на претстојниот Galaxy Note10 Lite на Samsung повеќе не се доведува во прашање и само останува да се види кога тоа ќе се случи. Телефонот доби Bluetooth сертификат претходно овој месец, заедно со Galaxy S10 Lite моделот, а сега документацијата е ажурирана со уште еден интересен додаток.
Според најновите сертификациски детали, Galaxy Note10 Lite ќе го поддржува најновиот Bluetooth 5.1 стандард, кој имплементира интересна функција која Bluetooth 5.0 ја нема, а тоа е позиционирањето.
Ова би можело да значи дека Note10 Lite прецизно ќе знае каде е S Pen паметното пенкалце, што ќе овозможи попрецизни и понапредни гестикулации. Тоа значи дека Note10 Lite би можел да има подобри гестикулации од оние што ги имплементираат Note10 и Note10+ моделите.