Во новата блог објава, Microsoft откри колку ќе биде моќна конзолата на компанијата Xbox Series X, истакнувајќи дека може да испорача четири пати поголема моќност за обработка отколку Xbox One X, а тоа веројатно се однесува на графичкиот процесор.
Компанијата потврди дека конзолата ќе користи AMD Zen 2 CPU и RDNA графички компоненти од следната генерација. Тука е и поддршката за хардверски акцелериран raytracing, како и Variable Rate Shading (VRS). (VRS).
Покрај овие CPU и GPU функции, Xbox Series X ќе има и SSD од следната генерација, кој ќе го елиминира времето на вчитување и ќе имплементира функции како што се Auto Low Latency Mode (ALLM) и функциите за програмери како Dynamic Latency Input (DLI) за подобар одзив на игрите.
Благодарение на HDMI 2.1 поддршката, 4K 60Hz i 4K 120Hz резолуциите ќе бидат поддржани заедно со 8K резолуција, додека Variable Refresh Rates поддршката ќе овозможи фрејмрејтот да опадне без значително да влијае на графиката и гејмплејот (под претпоставка дека дисплејот поддржува VRR).