Таблет уредите што го користат Chrome OS како свој оперативен систем засега се реткост на пазарот. Покрај Google, свои модели нудат и Acer и Asus. Наскоро со свој модел би требало да им се придружи и компанијата Lenovo.

Доказ е отстранетиот пост на Reddit, кој зборува за грешка во Chrome OS, но и неодамнешниот уред со конектори за тастатура, кој излезе на тестирање кај агенцијата FCC.

Наводно станува збор за уред со Chrome OS (таблет) со кодно име Kodama, со резолуција на екранот од 1920 x 1200 пиксели, MT8193 осум-јадрен процесор на MediaTek и 4 GB RAM меморија.

Засега нема информации и гласини за датумот на лансирање на овој уред, но од карактеристиките (особено чипот) е видливо дека станува збор за entry-level уред.