Компанијата Google ја прославува 15-годишнината од постоењето на својата услуга Gmail и по твој повод дава нови можности. Најмногу внимание секако привлекува можноста за програмирање на испраќањето на пораки за они да пристигнат во “подобро време”. Попрецизно, ако треба да испратите мејл, а не сакате да го вознемирувате колегата во неговото слободно време, можете да го извршите подесувањето за мејлот да стигне во времето кога колегата е на работа.

Опцијата наречена Smart Compose има способност за учење и прилагодување на личниот стил на корисникот. Вештачката интелигенција “знае” како да ги препознае вашите вообиќаени поздрави, па не морате секој пат да ги повторувате. Опцијата може да го предложува и она што го ставате во предметот на мејлот и тоа врз основа на содржината на мејлот.

Smart Compose опцијата е достапна и на Android уредите и функционира на англиски, француски, италијански, португалски и шпански јазик.