Минатата недела Huawei потврди дека на 22. октомври ќе одржи настан во текот на кој ќе ја претстави Mate 40 серијата. Во текот на глобалната презентација би можеле да ги видиме уредите како што се Mate 40, Mate 40 Pro, Mate 40 Pro+ и Mate 40 RS Porsche Design.

Во текот на оваа година, премиум смартфоните пристигнуваа со различни стапки на освежување на екранот, кои одат и до 144Hz. Уредите од P40 серијата беа првите телефони на Huawei кои имаа освежување на дисплејот од 90Hz. Гласините воглавно се усогласени и во тоа дека претстојната Mate 40 серија ќе има исто освежување на дисплејот.

Тизер видеото објавено од кинеската компанија, исто така, укажување дека Mate 40 моделите ќе имаат 90Hz екрани.

Видеото покажува игра, а во долниот дел е забележан фрејмрејт што запира на бројот 90. Поради тоа, се претпоставува дека Mate 40 серијата ќе го поддржува споменатото освежување, но засега не е познато дали ова ќе биде достапно за сите модели во рамките на новата линија.

Huawei Mate 40 серијата ќе ја покренува 5nm Kirin 9000 5G чипсет, ќе има шестоаголен или осмоаголен систем на камери на задната страна, додека на AnTuTu листингот неодамна е забележан модел со 8GB LPPDR5 RAM и 256GB UFS 3.1 простор за складирање.