Во последните денови има се појавуваат се повеќе гласини и информации за Samsung Galaxy S11 линијата. Имавме прилика да слушнеме вести за 108 мегапикселниот сензорот во системот со пет камери, закривениот екран и објавување на смартфонорт на почетокот од следната година. Сега се појави и своевидна потврда за тоа кога навистина ќе биде претставувањето
Доајвувачот Ice Universe, кој има одлична репутација за протекување информации за уредите на Samsung, открива дека Galaxy S11 линијата ќе биде претставена на 18 февруари, 2020 година во Сан Франциско.
Меѓутоа, тоа не е сè. На истиот настан ќе дебитира и преклопниот Samsung Galaxy (clamshell) телефон, за кој се верува дека ќе му конкурира на Motorola Razr моделот.
Доколку ова е точно, ќе биде во согласност со другите гласини што ги слушнавме за Galaxy S11. Со врвни спецификации и 5G поддршка како стандард на Galaxy S11 Plus моделот, ќе биде интересно да се види што Samsung ќе ни презентирасо своите најнови премиум телефони.
Кога станува збор за преклопниот уред на Samsung, се веруваше дека тој ќе остане ексклузива за кинескиот пазар, како што тоа беше во минатото, но најавата за настан во САД сугерира дека телефонот ќе има поширока достапност.