Аналитичката компанија AppBrain ги објави резултатите од испитувањето на пазарот на паметни мобилни телефони и уделот на најпопуларните брендови на секој пазар одделно. Според резултатите кои беа објавени деновиве, напопуларен смартфон во Македонија во моментов е Samsung Galaxy J3 (2016) кој има удел на пазарот на мобилни телефони кај нас од 6,5%. Ова е прилично висок удел, ако се знае дека најпопуларниот модел во соседна Бугарија, Samsung Galaxy J5 (2016) има удел од 3,3%.

Втор најпопуларен модел во Македонија е Samsung Galaxy J5 (2016) со удел од 5,6%. Интересно е што за разлика од другите земји во опкружувањето каде има и повеќе други модели кои се најдоа во ТОП 10, кај нас комплетната доминација е на моделите на Samsung.