Најновите гласини сугерираат и потврдуваат некои претходни наводи дека претстојниот поевтин смартфон на компанијата Apple ќе го носи името iPhone SE (со референца дека станува збор за телефон за 2020. година).

Заштитата за екран, која е поставена на официјалната онлајн продавница на Apple го потврдува името iPhone SE и укажува на скорешна објава на телефонот. Споменатата заштита за екранот е подобна и за iPhone 7 и iPhone 8 моделите, што потврдува дека новиот телефон ќе има 4,7-инчен дисплеј.

Уште еден нов детал во извештајот е дека новиот iPhone SE ќе има до 256 GB простор за складирање на податоци. Претходните гласини сугерираа дека ќе бидат достапни само верзии со 64GB и 128GB простор за складирање.

На крајот, дознаваме дека новиот iPhone SE ќе има A13 Bionic чипсет и дека ќе биде достапен во црна, бела и црвена боја. Почетната очекувана цена на телефонот е 399 долари, а гласините сугерираат дека ќе биде претставен на 15. април.