Fintech старапот, Bunq лансираше метална платежна картичка наречена Green Card. Иако метал и екологија на прв поглед немаат многу врска, компанијата го објасни својот бизнис модел. Тие ветија дека за секои 100 долари потрошени на оваа картичка ќе засадат едно дрво. За таа цел, се здружија со Eden Restoration Projects, компанија која финансира пошумување низ целиот свет.
Бидејќи металните картички не се еколошки, Green Card ќе има живот на траење од шест, наместо три или четири години, а направена е од рециклиран метал. Постои можност да се добие „патна картичка“, која во суштина е дебитна картичка. Со картичката потребно е да се инсталира на телефон апликацијата Bunq, која ќе се дополнува со кредит со други платежни картички. Во случај во апликацијата да нема доволно пари, трансакцијата ќе биде одбиена, како во случајот со дебитните картички.
Нарачката за Travel Card чини 9,99 евра (еднократно), по што нема месечни надоместоци. Green Card на годишно ниво чини 99 евра, а Bunq наплатува 0,99 евра при готовина на банкомати низ целиот свет, забележувајќи дека првите 10 повлекувања на готовина се бесплатни.
Извор: PC Press.rs