Познатиот портал TopSpeed за новиот модел на Rimac тврди дека е помеѓу најинтересните и најдобрите автомобили произведени во првата половина од оваа година.

„Хрватите направија нешто неверојатно, создадоа автомобил кој слободно може да се опише како суперавтомобил или хиперавтомобил“, пишува TopSpeed.

Како што пишува во текстот на TopSpeed, хрватскиот произведувач Rimac Автомобили, на саемот на автомобили во Женева, кон почетокот на оваа година, го откри моделот C_Two, кој пристигна како наследник на познатиот автомобил Concept_One.

Автомобилот е електричен и удобен, проценува споменатиот портал за автомобили.

 

C_Two има неколку важни задачи – да го привлече светското внимание на произведувачите, да ги промовира електричните автомобили, на Rimac да му донесе бизнис понуди и да го победи Tesla Roadster, пишува TopSpeed.

Целото ова всушност и се случи само неколку недели по претставувањето на моделот C_Two. Почетната цена на суперавтомобилот изнесуваше 2,1 милиони долари, а за три недели беа продадени 150 автомобили.

Rimac автомобили, по големиот успех на саемот во Женева, а потоа и поради успехот во продажбата, стана актуелна тема во автомобилската индустрија, а во јуни во компанијата вложи и Porsche AG земајќи помал удел од десет отсто, пренесува TopSpeed.