Вештачката интелигенција (AI) на Alibaba е супериорна во однос на читањето и разбирањето на текст, според студијата на Универзитетот Стенфорд.

Кинескиот AI модел постигна 82,44 поени во тестот, што е повеќе од просекот на човек од 82,304 поени. Alibaba тврди дека за прв пат машината успеала да го претекне човекот во такви испитувања.

Тестот на Универзитетот Стенфорд се смета за еден од најавторитетните во светот. Се состои од 100.000 прашања – одговори собрани врз основа на 500 статии од Википедија.

Една од водечките компании за технологија во Кина, Alibaba го гледа своето достигнување во AI како голем настан и има намера да го развие системот, со тоа што ќе биде достапен за своите клиенти.

Во меѓувреме, Bloomberg известува дека вештачката интелигенција на Microsoft функционира подобро од системот на Alibaba, достигнувајќи 82.650 поени во сличен тест.

Овој резултат, сепак, е постигнат еден ден по тестирањата на Alibaba.