Компаниите за социјални медиуми напорно работат да ги направат корисниците зависни од нивните сервиси.

Карактеристиките на социјалните медиуми како што се бесконечното прелистување на страниците и константното ставање лајкови им го задржува вниманието на луѓето на екраните од телефоните подолго отколку што е потребно, а наедно ги храни и со нивните несигурности. Аза Раскин, поранешниот член на тимовите на „Мозила“ и на „Џобоун“, создаде систем за бесконечно прелистување уште во 2006 година, со што се овозможи прелистување на содржините на социјалните медиуми без кликање.

– Ако не му дадете време на мозокот да ги пресретне вашите импулси, вие едноставно продолжувате да прелистувате. Тоа е како да сте зависник од кокаин, а кокаинот е распрскан на вашиот интерфејс и тоа е она што ве тера да се враќате повторно назад, вели Раскин.

 

Раскин смета дека немал намера да ги направи луѓето зависници, но се чувствува виновен за влијанието на неговата иновација. Сепак, сега тоа е само една од неколкуте карактеристики на социјалните медиуми што се користат за да ги направат корисниците зависни од нив. Зад секој екран на еден телефон работат буквално илјадници инженери, чија главна цел е корисниците да ги направат максимално зависни.

Создаваат зависност како кокаинот

Леа Перлман, една од кокреаторите на копчето „лајк“ на Фејсбук во соработка со Џастин Розенштајн, признава дека дури и таа станала зависна од услугата што помогнала да ја создаде. – Кога ми е потребно внимание, одам да го проверам Фејсбук. Кога се чувствувам осамено, подобро да го проверам мојот телефон. Кога се чувствувам несигурно, исто така повторно ги проверувам мојот телефон и социјалните мрежи на него, вели Перлман.

Минатата година, Розенштајн забележал дека копчето „лајк“ довело до создавање на трендот за намамување и привлекување кликови (кликбејт). Фејсбук исто така им олеснува на веб-сајтовите да додадат копче „лајк“ на нивните страници и од компанијата негираат дека нејзините услуги се намерно дизајнирани за да бидат зависни.

– Наводните обвинувања што се појавија се неточни. Фејсбук и Инстаграм беа дизајнирани за да ги приближат луѓето до своите пријатели, семејството и работите за кои се грижат. Поентата е да се поврзете со најблиските што живеат далеку или да се приклучите кон луѓето со кои ги делите вашите интереси. Оваа е главната цел што се наоѓа во центарот на секоја одлука што ја правиме и не сакаме да предизвикаме зависност при процесот на одлучување – вели портпаролот на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“.

Претходно оваа година извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг направи промени во својот newsfeed за да го зголеми добро потрошеното време на својата социјална мрежа, но лицето задолжено за таа функција подоцна призна дека компанијата сè уште се обидува да разбере што точно значи добро потрошено време.

Извор: Zimo.hr / BBC