Мистериозна светлина која се појави на небото над округот Пол во државата Орегон, ги исплаши тамошните жители. Светлината била забележана во четвртокот, а досега се шират разни теории за тоа што би можело да биде. Некои сметаат дека станува збор за авионска несреќа, но полицијата и службите не пронашле ништо на местото на падот.

Одговорните лица сметаат дека станува збор за метеор, додека некои корисници на интернет имаат поинакви објаснувања. Шерифот примил повик за можна авинска несреќа, а еден граѓанин испратил неколку фотографии на кои се гледа бела трака, која авионите ја оставаат зад себе во моментите кога паѓаат.

Полицијата испратила хеликоптер за да го прегледаат шумското подрачје, со надеж дека ќе ги најде остатоците, но во потрагата не пронашле ништо. Во извештаите, полицијата изјавила дека биле користени сите достапни системи за следење од воздухопловството и дека ниту еден авион не бил пријавен за исчезнат. На крајот е заклучено дека мистериозната огнена топка е метеор.

„Со сигурност можеме да кажеме дека не е авионска несреќа. Мислиме дка станува збр за некаков природен настан“, изјавил заменик шерифот на округот Полк, поручник Дастин Њуман.

Во меѓувреме, шерифот на округот Марк Гартон изјавил дека полицијата навистина верува дека е во прашање метеор. Гартон истакнал дека веројатно станува збор за тело од редок метеорски дожд, кој претходно е регистиран на тоа подрачје. Но, Марк Робертсон од полицијата подоцна изјавил дека не се докрај сигурни.

Локалните жители кои ги направиле фотографиите од мистериозната светлина и ги испратиле на полицијата, велат дека се сомневаат во полициската верзија на настанот.

„Имам видено метеори, тие блескаат бели и исчезнуваат за пет секунди. Ова траеше предолго“, вели Ричард Романо.

Романо дополнително се подготвил да ја провери поштата кога забележал мало летало кое се приближува, неколку моменти пред да се појави трагата на небото.