Судејќи според се, Microsoft ќе пропушти можност да им ги понуди на купувачите своите in-ear слушалки Surface Earbuds, за време на претстојната празнична сезона. Нивната продажба се очекува да започне дури во текот на пролетта 2020 година. Панос Панај, главен директор на производи на Microsoft, истакна дека на компанијата и треба малку повеќе време за да ги „испегла“ сите детали за производот.
Microsoft планираше да го лансира Earbuds за време на сезоната на празници, по цена од 249 долари. Со овие слушалки, исто така, во пакетот се добива и кутија која истовремено е и полнач, а најавено е дека едно полнење би било доволно за 24 часа работа на слушалките. Тие би требало да понудат и интеграција со Office 365, како пристап до Outlook и календар низ гласовни команди. Исто така, слушалките би требало да овозможат превод во реално време на 60 различни јазици. Ќе биде понудена и интеграција со Spotify, со контроли осетливи на допир.
Product-making is about the relentless pursuit to get all the details right, which takes time…sometimes more than we planned on. To ensure we deliver the best possible experience for you, our fans & customers, Surface Earbuds will now launch worldwide in Spring 2020 #Surface
— Panos Panay (@panos_panay) November 21, 2019
Компанијата вети и други напредни функции за Earbuds, кои вклучуваат контрола на PowerPoint презентации и спарување со еден клик. Очигледно е дека Microsoft не успеа сето тоа да го обедини во првобитно замислениот рок, па тоа е најверојатно причината зошто дошло до ова одложување.
Поврзани артикли