Последниот извашетај на Microsoft открива дека Windows 10 успеал да ги надмине бројките поставени од Windows 7.

Microsoft ја заврши 2018 година како највредната компанија во светот, но исто така забележа еден впечатлив рекорд за оперативниот систем Windows. Последниот извашетај од компанијата вели дека Windows 10 успеа да ги надмине бројките поставени од Windows 7.

Според Net Applications, Windows 10 во моментов држи 39,22% од акциите на десктоп оперативни системи на пазарот, додека второпласираниот Windows 7 остана на 36,9%.

На Windows 10 му беа потребни само три и пол години за да го достигне овој статус на пазарот, додека Windows 7 е присутен веќе 10 години.

Целта на Microsoft првично беше да го имплементираат Windows 10 во една милијарда уреди за само три години, но потоа направи промена во плановите откако сфати дека Windows Phone нема да им биде од помош. Во овој момент Windows 10 е инсталиран на преку 700 милиони уреди, вклучувајќи персонални компјутери, таблети, телефони, па дури и конзоли Xbox One.

И покрај успехот на Windows 10, неговиот претходник Windows 7 и понатаму се држи силно и успева да одржи солиден број на уреди во живот.

Корисничката поддршка за Windows 7 завршува на 14 јануари 2020 година, што значи дека овој своевиден рекорд на Windows 10 доаѓа една година пред големите промени во Microsoft.

Извор: Klix.ba