Судејќи според информациите кои ги пренесува холандската страница LetsGoDigital, кинеската компанија Oppo наскоро ќе стане уште еден од производителите на паметни телефони кој ќе произведува сопствени чипови за своите мобилни уреди.
Сајтот како доказ за тврдењата објави барање за заштита на патент на кинеска компанија при Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија (European Union Intellectual Property Office – EUIPO).
Иако чипот веќе е пријавен под името Oppo M1, сè уште не е јасно дали станува збор за процесор за смартфони од кинеската компанија или чип со друга намена.
Oppo претходно најави голем пораст на сопствените вложувања во секторот за истражување и развој. За таа цел, ангажирани се нови експерти доведени од компаниите како што се Speadtrum и MediaTek.
OPPO is developing its own mobile chipset called the OPPO M1 ! Expect it to be revey at #MWC2020 event . Info courtesy @letsgodigital#oppo #oppom1 #processor #technews #latestnews pic.twitter.com/4NTPSH0lZR
— Techarea (@Techarea_in) November 22, 2019
Се претпоставува дека новиот чип би можел да биде претставен уште за време на Мобилниот светски конгрес во Барселона, што ќе се одржи во февруари 2020 година.
Покрај Oppo, Samsung и Huawei произведуваат свои процесори за своите мобилни уреди.